ПРВ.мк
Балкан

Мафијашки терор ја тресе Црна Гора: Милатовиќ под притисок – Државата подготвува жесток одговор!

Мафијашки терор ја тресе Црна Гора: Милатовиќ под притисок – Државата подготвува жесток одговор!
Escape

Црна Гора се соочува со драматичен безбедносен аларм по неколку шокантни убиства поврзани со мафијашките кланови, што ја втурна земјата на работ на вонредна состојба. Последниот инцидент во Подгорица, во кој беше убиен Иван Милачиќ – висок член на озлогласениот Шкаљарски клан, предизвика масовна загриженост во јавноста и остри реакции од државниот врв.

Како одговор на овие настани, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, свика итна седница на Советот за одбрана и безбедност, со цел да се процени моменталната состојба и да се преземат конкретни чекори за заштита на јавниот ред. На состанокот ќе присуствуваат и највисоките државни функционери – премиерот, претседателот на Собранието, како и претставници од безбедносните служби, полицијата и Агенцијата за национална безбедност.

„Ќе барам целосен увид во тековната безбедносна состојба, заедно со јасни и веднаш применливи мерки,“ изјави Милатовиќ, потенцирајќи дека мора да се испрати јасна порака до јавноста: државата е подготвена да дејствува решително.

Претседателот додаде дека е од суштинска важност институциите да дејствуваат организирано и без одложување, за да се врати чувството на сигурност кај граѓаните.

Ова е трето убиство во екстремно краток период – по ликвидацијата на Игор Недовиќ и смртта на Филип Кнежевиќ во Барселона, сите поврзани со меѓусебните конфликти меѓу Шкаљарскиот и Кавачкиот клан – две мафијашки групи чие ривалство со години ја тресе Црна Гора и поширокиот балкански регион.

Ситуацијата бара итно и ефикасно дејствување, додека јавноста со страв чека дали државата конечно ќе стави крај на крвавата мафијашка спирала.

Mia Home Mavrovo