ПРВ.мк
Балкан

Во Германија спречен катастрофален напад – уапсен припадник на Хамас, ова се деталите!

Во Германија спречен катастрофален напад – уапсен припадник на Хамас, ова се деталите!
Kristal

Припадник на радикалната група Хамас е уапсен на германскиот автопат А17, во близина на границата со Чешка, при обид нелегално да влезе во земјата. Апсењето го извршиле истражители од Федералната канцеларија за криминална полиција (БКА) и федералната полиција, потврдија германските власти.

Според информациите на „Скај Њуз“, осомничениот, идентификуван како Ел-К., е обвинет за набавка на оружје за планирани терористички напади врз еврејски и израелски цели во Германија и други европски држави.

Во соопштението на канцеларијата на федералниот обвинител се наведува дека во август 2025 година, Ел-К. купил автоматска пушка АК-47, осум пиштоли „Глок“ и повеќе од 600 куршуми. Оружјето било испратено на негов соучесник во Берлин, но средбата за предавање на пакетот во улицата Турмштрасе била спречена по полициска интервенција.

Иако Хамас негира каква било поврзаност со осомничените, германските безбедносни служби се убедени дека целта на оваа набавка била подготовка на серија координирани напади низ Европа.

Истрагата се проширила и во други држави. Во октомври, австриската полиција откри складиште за оружје во Виена, за кое постои сомневање дека е поврзано со истата мрежа. Минатата недела, во Лондон бил уапсен 39-годишен Британец, осомничен дека транспортирал оружје до Австрија.

Во рамките на операцијата, данската полиција утрово спроведе претреси во и околу Копенхаген, во домови што му припаѓаат на Ел-К. и неговиот соучесник.

Ел-К. ќе биде изведен пред истражен судија на Федералниот суд, кој треба да одлучи дали ќе му биде издаден налог за притвор.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK