ПРВ.мк
Балкан

Ново лудило на Ана Николиќ - Јавноста не може да поверува!

Ново лудило на Ана Николиќ - Јавноста не може да поверува!
Kristal

Пејачката Ана Николиќ повторно ја шокираше јавноста! Само неколку месеци откако го пријави својот партнер, продуцентот Горан Ратковиќ – Рале, за физичко насилство, таа реши повторно да му прости и дури се омажи за него. Според српскиот „Курир“, венчавката се одржала минатиот викенд на Малдивите, во интимна атмосфера на плажа.

Иако врската на Ана и Рале беше исполнета со скандали, бурни караници и полициски пријави, изгледа дека љубовта меѓу нив повторно победила. Извор близок до двојката открил дека Рале ја запросил со прстен, а вработените во луксузниот ресорт организирале симболична свадба истата вечер – на нејзино барање.

„Таа му рекла ‘да’ и веднаш почнала да се интересира што треба за да се венчаат. Најмногу инсистираше на тоа свадбата да биде веднаш, без одлагање,“ изјавил изворот за српските медиуми.

Иако бракот склучен на Малдивите не е правно валиден во Србија, Ана и Рале планираат да го официјализираат по враќањето во Белград. Според информациите, пејачката веќе го прашала Рале кога ќе одат во општина, а потоа ќе следи и црковна венчавка во манастирот Раковица.

Ана Николиќ и претходно била во центарот на медиумското внимание поради своите бурни љубовни врски и јавни конфликти, но овој пресврт изненади дури и нејзините најверни фанови.

Дали ова ќе биде нов почеток за Ана и Рале или само уште една епизода во нивната драматична љубовна приказна – останува да видиме.

Escape