Мал спортски авион попладнево се урна во близина на Суботица, при што на лице место загинал еден од патниците, а вториот е пренесен во болница. Според првичните информации, станува збор за спортски авион со две лица во него.
Повредениот патник е итно транспортиран во болницата во Суботица, но засега неговата здравствена состојба не е официјално потврдена. Медицинските служби и натаму работат на стабилизирање на неговата состојба.
Несреќата се случила во близина на аеродромот Биково, недалеку од градот, а по падот на авионот на терен веднаш пристигнале полиција, медицински тимови и противпожарни единици.
Причините за падот засега не се познати. Во тек е увид на местото на несреќата, а надлежните институции започнаа истрага која треба да утврди дали трагедијата е последица на технички дефект, човечка грешка или други околности.
















