ПРВ.мк
Балкан

БЕЛГИЈА БАРА „БЛАНКО ЧЕК“ ОД ЕУ ЗА РУСКИТЕ ПАРИ: КОЛКУ РИЗИК СЕ ПРИФАЌА?

БЕЛГИЈА БАРА „БЛАНКО ЧЕК“ ОД ЕУ ЗА РУСКИТЕ ПАРИ: КОЛКУ РИЗИК СЕ ПРИФАЌА?
Kristal

Белгија разгледува можност замрзнатите руски средства да станат репарациски заем за Украина, но бара гаранции од Европската Унија што би ја покриле целосно финансиската ризичност, објави „Ројтерс“. Според извори, белгискиот премиер Барт де Вевер инсистира ЕУ да обезбеди финансиска поддршка над 140 милијарди евра, која може да се исплати веднаш доколку Кремљ поднесе тужба за тие средства.

Во исто време, еден од најмоќните руски банкари, Андреј Костин, предупреди дека Москва би можела да возврати со судски спор кој би траел и половина век ако ЕУ ги искористи замрзнатите руски државни пари за заем на Украина.

Европските влади, како што пишува „Политико“, сметаат дека Белгија има „прекумерни барања“ за финансиско покритие со таканаречен „бланко чек“. Тие се подготвени да гарантираат однапред договорена сума, но не сакаат да го прифатат барањето што би ги оставило изложени на милијарди евра докрај завршувањето на војната во Украина. Четворица дипломати на ЕУ истакнале дека бесконечните и неограничени гаранции се неприфатливи, бидејќи ја загрозуваат финансиската стабилност на нивните земји.

Во меѓувреме, Европската комисија работи на креирање правна рамка за заемот, со цел да се осигура дека воениот фонд на Украина нема да се испразни во април. Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, најави дека законските предлози ќе бидат поднесени оваа недела, а лидерите на ЕУ ќе го изразат своето мислење на средбата кон средината на декември.

FixCredit
Atensa 300
Escape