ПРВ.мк
Балкан

Паника на летот од Барселона – моторот на авионот на „Визер“ избувнал во пламен, ова се деталите

Паника на летот од Барселона – моторот на авионот на „Визер“ избувнал во пламен, ова се деталите
Kristal

Драма на аеродромот во Букурешт, откако моторот на авион на „Визер“ се запалил веднаш по слетувањето. Инцидентот се случил ноќеска, кога летот од Барселона кон Букурешт пристигнал на Меѓународниот аеродром Аурел Влаику во 1:18 часот по полноќ.

Според романскиот медиум Digi24, моторот на авионот се запалил во моментот кога најголемиот дел од 225 патници веќе биле излезени од леталото. Техничкиот персонал реагирал навремено и ја исклучил опремата за напојување за да се спречи поголем инцидент.

Капетанот, следејќи ги безбедносните протоколи, одлучил да го активира излезот за итни случаи, иако ниту еден патник не морал да го користи.

Инцидентот траел кратко, немало повредени лица, ниту е предизвикана материјална штета. По настанот, авионот бил подложен на детален технички преглед, а надлежните органи ја започнаа истрагата за да утврдат што точно ја предизвикало палењето на моторот.

Escape