ПРВ.мк
Балкан

Напнатост во Белград – Дијана Хрка ја напушти локацијата по 11 дена штрајк, ова се деталите

Напнатост во Белград – Дијана Хрка ја напушти локацијата по 11 дена штрајк, ова се деталите
Kristal

По 11 дена штрајк со глад, Дијана Хрка го напушти шаторот поставен пред српското Народно собрание. Ветераните кои се собраа пред парламентот за да ѝ дадат поддршка за ТВ Н1 изјавија дека Хрка заминала по приватна работа и дека очекуваат наскоро да се врати.

Нејзиното заминување ги вознемири присутните граѓани кои сите 11 дена ѝ даваа морална поддршка во нејзината борба.

Попладнево, Хрка изјави дека нејзината здравствена состојба се влошила — чувствува малаксаност, но одлучила засега да не прими инфузија и да го продолжи штрајкот со глад.

Во знак на солидарност, граѓаните вечерва организираа заедничка молитва за нејзиното здравје и запалија свеќи пред парламентот.

Дијана Хрка, мајката на трагично починатиот Стефан — кој загина при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад минатата година — го започна штрајкот со глад на 2 ноември, ден по големиот комеморативен митинг во Нови Сад.

Таа бара надлежните органи да ги изведат пред лице на правдата сите осомничени за трагедијата, да бидат ослободени незаконски приведените студенти и обвинетите лица, како и да се распишат вонредни парламентарни избори.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK